Куќиште за iPhone со дополнителен екран

Минатата година Popslate на пазарот го донесе своето прво куќиште (капаче) за iPhone со е-инк екран, а сега се вратија со ново кое има поголем екран, систем за нотификации, како и вградена батерија која може да ја полни вашиот телефон.



Нивниот popSLATE 2 моментално се наоѓа во системот на crowdfunding на Indiegogo порталот и 20 дена пред истекот на кампањата наместо 75.000 долар успеа да собере повеќе од 600.000 долари, со што стана еден од најуспешните проекти оваа година, со оглед на тоа дека е остварен 833%.

Ако се прашувате поради што овој гаџет е интересен за луѓето, со оглед дека постоечките телефони со секундарни е-инк екрани не направија некој успех на пазарот, најверојатно можеме да кажеме дека лежи во поволната цена од само 79 долари, колку што треба да платите преку Indiegogo.

За тие пари ќе добиете 4,7 инчен е-инк екран од 200 dpi, а за разлика од првиот модел тука е сега Lightning port, кој овозможува истовремено полнење на popSLATE 2 гаџетот и вашиот iPhone.



Тие наведуваат дека батеријата која е вградена во куќиштето овозможува дополнителни 9 часа разговор и 5 часа веб сурфање на вашиот телефон, а екранот на гаџетот овозможува мултитаскинг префрлање преку 5 различни апликации со користење на копчето на дното.

Куќиштето исто така може да прикажува нотификации, со што батеријата на телефонот дополнително ќе ви штеди, бидејќи нема да треба да се вклучува главниот екран. popSLATE 2 ги подржува iPhone 6, 6S, 6+ i 6S+ уредите, а првите испораки би требало да започнат наскоро.





Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...