„Магично“ огледало: Фитнес тракер за 3D скенирање на телото

Произведено од стартап компанијата Naked Labs, ова огледало наречено The Naked 3D Fitness Tracker е опремено со сензори ( Intel RealSense Depth Sensors) кои го скенираат телото во 3D, тродимензионалниот модел го upload-ираат во апликацијата (во верзија за iOS и Android) која ги следи промените на вашето тело и ви покажува точна „мапа“ каде, со тек на времето, имате оформено повеќе мускули или масно ткиво, како и сите останати податоци кои вообичаено ги презентираат обичните фитнес тракери (тежина, обем на деловите од телото и сл.)



Целосниот 3D скен на телото се одвива за само 20 секунди, за што е доволно само да стоите на базата која се ротира и функционира како вага (поврзана со Bluetooth за уредот). За нејзино полнење, доволно е само да ја вметнете во просторот наменет за тоа на дното на огледалото, а едно полнење би требало да „држи“ до 2 месеци.

Не постојат никакви копчиња нити било што за активирање бидејќи сето тоа се одвива автоматски – самото огледало има ласерски светла кои ви покажуваат каде точно треба да ја позиционирате базата/вагата, и потоа се пали бројач кој го одбројува почетокот на скенирањето, и круг кој ви сигнализира дека тоа е во тек. На сличен начин се прикажуваат и останати нотификации, како на пример кога батеријата е при крај, доколку има некои апдејти, и сл. Воедно, огледалото ќе биде способно да го „препознава“ корисникот кој ќе застанува на вагата, така што податоците ќе бидат upload-ирани каде што треба.

The Naked 3D Fitness Tracker е еден од ретките уреди кои прецизно го одредуваат процентот на масни наслаги во телото – маргината за грешка изнесува околу 1,5%.



Се очекува овој уред уште од старт да биде компатибилен со Fitbit, Apple Health, и останати познати/често користени апликации за фитнес тракинг, а на пазарот треба да се појави во Март 2017-та (иако нарачките можат да се прават уште од сега, по цена од $500)

Компанијата предвидува дека оваа технологија ќе може да се користи и при купување на облека, со специјализирана апликација која врз реалниот ваш 3D модел ќе прикажува како точно би ви стоеле парчињата облека, без потреба да ги пробувате. И не само тоа – бидејќи ќе го следи прогресот на развивање на вашето тело, ќе може да предвиди и како облеката која виртуелно ја пробувате ќе ви стои за еден-два-три месеци.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...