Triton – конвертор на електрична енергија од океаните

Обновливите извори на енергија сè иднината кон која се стреми човештвото – според одредени студии, до 2050 год. Соединетите Американски Држави би можеле комплетно да се напојуваат со таква енергија (во најголем процент од соларната и ветерната).

Меѓутоа, постои уште еден огромен извор на обновлива енергија кој досега не е доволно искористен – океаните. Тука на сцена настапува Triton – уред создаден од компанијата Oscilla Power, кој ја собира кинетичката енергија од океанските бранови. Со оглед на тоа што земјината топка има околу 1.4 билиони кубни километри вода во океаните, тоа е огромна количина на енергија која што може да се искористи.

Triton нема ниту мотори ниту подвижни делови (што е одлично во случај од оштетувања од големи/груби бранови), туку само серија генератори поставени на плоча која плови и се стабилизира со помош на подводни кабли.

Функционира на прилично едноставен начин – како што брановите удираат во Triton, со помош на флексибилните јажиња кои асиметричната металната плоча ја движат на неколку разни начини, во неа се создава променлив магнетски поларитет кој што генерира електрицитет.

Еден ваков уред може да произведува до 600kW електрична енергија – просечно домаќинство користи 1.26kW секој месец, што значи само еден Triton би можел да напојува по 500-тини домови месечно.

Моментално, Triton поминува низ тестирања во помали простори, пред неговите изумители да се осигураат дека е „спремен“ за пространите океански води. Доколку е успешен во тоа, би можел да ги снабдува САД со третина од нејзината потребна електрична енергија, а би биле покриени и 15% од глобалната побарувачка за електрицитет.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...