Кафуле со дрон келнер

На фестивалот „Dream and Dare" кој се одржува во чест на 60 годишнината на Техничкиот универзитет во Ајндховен, отворено е кафуле во кои на гостите пијалак им носи Blue Jay, дрон кој изгледа како летечка чинија, а е изработен од страна на 20 студенти од универзитетот.



Овој студентски тим се занимава со развој на домашни дронови наменети за користење во затворени простории.

Тимот верува дека домашните дронови еден ден ќе ни бидат како домашни миленици, па ќе ги надгледуваат становите ќе си играат со нас и ќе ги извршуваат задачите кои ќе им ги зададеме.

Со оглед на тоа дека дроновите во затворени простории летаат во тесни и ниски простории преполни со препреки и луѓе, холандските студенти заклучиле дека за нивно тестирање нема подобро опкружување од кафуле, па затоа својот дрон го вработија како келнер.

Дронот прима нарачки така што долетува на маса и чека гостите да го насочат својот прст на одредена пијачка на менито за да му дадат сигнал што сакаат. Потоа дронот оди по пијачката ја фаќа со своите чувствителни раце и ги услужува гостите.



На тој начин гостите од првото дрон кафуле можеа да нарачаат 4 безалкохолни и 4 алкохолни коктели кои се во јарко сина или зелена боја која одговара на очите на Blue Jay.

Студентите наведуваат дека изработката на дронот ги чинела околу 2000 евра, но ако еден ден почне да се изработува сериски веруваат дека ќе биде многу поевтин.

Во дронот е вграден многу прецизен сензорски систем кој на дронот му овозможува сигурно летање и навигација во тесни простории преполни со луѓе.




Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...