Паметна потпора за држење на рбетот исправено

Меѓу бројните гаџети кои нашите секојдневни предмети и уреди ги претворија во паметни се вклучи и Backbone, појас чија главна улога е да ни овозможи добра потпора на грбот за да го чува нашиот рбет од последиците на лошото држење предизвикано да речеме од долготрајно седење на компјутер.



Гаџетот на Kicstarter деновите стана еден до најуспешните проекти, надминувајќи го потребниот износ од 25.000 долари за 1.286%, со што стартап компанијата Bifrost Biotech собра 321.934 долари 8 дена пред истекот на кампањата.

Иако на пазарот се наоѓаат разни обични и магнетски појаси за исправување и држење, кои многу доктори ги сметаат за шарлатанство, Backbone постигна успех со crowdfunding најмногу поради тоа што поседува сензори кои на апликацијата на вашиот паметен телефон и јавуваат кога се наоѓате во лоша положба за веднаш да можете да го поправите тоа.

Според зборовите на авторот, појасот е направен од лесни и тенки материјали и не би требало премногу да ве затегнува или да ви пречи во секојдневното носење туку само ќе ви помогне во задржување на исправената положба.



Појасот на себе има вибрациска сирена која ќе ве алармира ако не ја држите кичмата исправено.

Исто така од компанијата велат дека нема да морате постојано да го носите туку ќе можете да го користите за тренирање на држењето додека седите, одите и вежбате.

Ако го нарачате Backbone преку Kickstarter ќе платите 49 долари, а испораката ширум светот ќе започне наскоро.





Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...