Al пишува поезија

Неодамна дознавме дека вештачката интелигенција е во состојба да напише SF новела која жирито на јапонскиот натпревар ја прифати како најдобро кратко прозно дело на годината.



Наскоро би можеле да имаме слично нешто од невронската мрежа на Google, која научниците од американските Универзитети Stanford и Massachusetts Amherst ја тренираат за новиот метод на создавање на реченици.

Според официјалната дефиниција поезија или проза е уметност која се темели на изразување на јазикот.

Самата дефиниција вели дека поезијата ја истражува можноста на јазично изразување, па научниците заклучиле дека тоа е тоа што може да им помогне на компјутерите и роботите во развој за подобри конверзациски способности, иако намерата не им била создавање на вистинска поезија туку нови начини за креирање на реченици.

По неколку месеци читање невронската мрежа на Google, научниците на вештачката интелигенција и дале две реченици од делата кои ги прочитала, а потоа и рекле да репродуцира нова реченица која се темели на сет на податоци кој содржи 11.000 книги. Кога речениците кои ги создал ќе се спојат заедно, се добива нешто што изгледа како песна.



При тоа на алгоритмите кои ги обработуваат податоците и создаваат реченици им дале малку поинакви упатства од постоечките, со што всушност добиле малку повеќе слобода за да ја развијат способноста на изразување.

Нема да се обидуваме да ги преведуваме неговите зборови бидејќи веруваме дека нема да ви биде проблем да ги разберете истите:

I went to the store to buy some groceries
I store to buy some groceries
I were to buy any groceries
Horses are to buy any groceries
Horses are to buy any animal
Horses the favorite any animal
Horses the favorite favorite animal
Horses are my favorite animal

Се сомневаме дека со ова Al би можел да освои некоја награда за поезија, но интересно е да се види како го развива своето изразување, иако не ни е јасно дали воопшто разбрал нешто од тоа што го напишал.

Се надеваме само дека ова ќе му помогне со луѓето да разговара многу поприродно.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...