Hyperloop: Еден поинаков начин на патување

Hyperloop за првпат предложен во 2013 од Elon Musk е револуционерен систем кој треба да ги замени сегашните методи на патување со комплетно нов, интерконтинентален копнен транспортен систем, составен од огромна мрежа на цевки во кои, во скоро целосен вакуум, лебдејќи ќе се движат капсули во кои ќе има луѓе или товар, со брзина од 760км/ч.



За да Hyperloop стане реалност мора да се надминат многу технички предизвици на кои работат инженери од разни дисциплини – дел од нив се развивањето на системот за погон, пронаоѓањето начин како да се исфрлат издувните гасови од пневматските Hyperloop туби, и сл.

Тука спаѓа и развивањето на нов, футуристички материјал од кој би се правеле Hyperloop капсулите, наречен Vibranium.

Vibranium-от е дело на компанијата Hyperloop Transportation Technologies (HTT), една од неколкуте кои работат на реализирањето на овој проект. Се работи за „паметен“ материјал во кој што се интегрирани илјадници сензори дизајнирани безжично, во реално време, да пренесуваат информации за дијагностиката, температурата, оштетувањата, како и структуралниот интегритет на капсулата. Така, во случај на било каков дефект, таа ќе биде тргната од циркулација за да се репарира.



Самиот материјал е создаден од плетени јаглеродни влакна (carbon fiber), а компанијата тврди дека е 10 пати појак и 5 пати полесен отколку челикот и 8 пати појак и 1.5 пати полесен од алуминиумот. За негова изработка HTT направиле партнерство со словачката компанија наречена C2i, која произведува јаглеродни влакна за автомобили и авиони, а исто така и вклучиле договор со словачката влада, како дел од европскиот Hyperloop систем кој треба да ја поврзе Австрија со Унгарија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...