Hyperloop: Руска верзија на транспорт на луѓе

Hyperloop концептот на Eлон Муск периодов често го среќаваме во вестите, бидејќи сè повеќе се ближи денот кога (се надеваме) ќе стане реалност и постојано има некои новости во врска со технологиите кои што ќе ги користи. Но, сега новости доаѓаат и од „другата страна“ - Русија размислува за имплементирање на нивна верзија на овој концепт (вакуумска туба во која вагони за транспорт на луѓе со електромагнетен погон ќе се движат со брзина од 1200км/ч).



Овие вести доаѓаат по изјавата на рускиот министер за транспорт Максим Соколов, кој рекол дека руските научници постигнале прогрес во развивање на концептите за ваков тип на транспорт и дека тој уште пред две години видел некаков прототип во универзитетот за транспорт и врски во Санкт Петербург. Извори од истиот универзитет велат дека првиот чекор ќе биде спојување на пристаништата на Балтичкото Море со карго терминали во Москва, а потоа и спојување на западниот дел на Русија со останатите делови од земјата.

За сето ова да се оствари, ќе биде потребно комплетно масовно менување на инфраструктурата ( само патот од Санкт Петербург до Москва ќе биде во должина од 650км), што во комплет со проектот се очекува да чини помеѓу 12 и 13 билиони долари.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...