IBM лабораторија во чип

Компанијата IBM развила чип кој може да ги извршува сите лабораториски процеси потребни да се откријат одредени болести на површина од 2 на 2 сантиметри.



Тој функционира така што врз него докторите ставаат примерок од крв, урина или плунка, за потоа да ги раздели биолошките маркери до големина од 20 нанометри, при што се добива пристап до ДНК, вируси и екзозоми („торбички“ исполнети со течност излачена од клетките кои се 100 000 пати помали отколку дијаметарот на едно човечко влакно). Инаку, пред овој чип на IBM, најмалата биолошка честичка која можела да биде раздвоена со чип била 50 пати поголема.

Откога сите честички се разделени, докторите можат да ги анализираат за потенцијално откривање на знаци на одредени болести, вклучувајќи го и ракот, дури и пред пациентот да почувствува било какви физички симптоми. На овој начин, болеста може да почне да се третира пред да се влоши.

„Лабораторија на чип“ технологијата ќе биде далеку поисплатлива варијанта за медицински анализи во иднината, бидејќи во споредба со сегашните методи на правење посебни лабораториски тестови за секој биомаркер, новата технологија ќе биде минијатуризирана и автоматизирана и ќе биде способна да врши тестови врз повеќе биомаркери истовремено. Така, на пример, ќе биде доволно да се капне само една капка крв на уред сличен на мерачите за гликоза кои ги користат дијабетичарите, кој ќе може да ја тестира за најмалку 50-тина разни биолошки процеси.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...