Сателитски систем за спречување на исчезнување на авиони

Две американски компании ( FlightAware и Aireon LLC) развиле систем за следење на авиони за кој сметаат дека би спречил исчезнување на авиони како што тоа се случи со летот на Malasya Airlines MH370.

Наместо сигналите за следење да ги испраќа на станици на земјата – што значи дека локациите на авионите можат да бидат изгубени кога тие се над океани или во оддалечени области – новиот систем би ги испраќал на сателити. Во тој случај нема да е важно дали авионот е над океан, пустина или Северниот Пол – во секое време ќе се има увид каде е.

Инаку, FlightAware е компанија за следење на летови на интернет, додека Aireon LLC ја развиваат сателитската технологија. Системот на Aireon ќе постави ADS-B ресивери (за независно автоматско набљудување и емитување сигнали) во сателитите кои се движат во ниската орбита, сопственост на Iridium Communications Inc., кои треба да почнат да функционираат од 2018-та, а чија првенствена намена била да помагаат на контролорите на летање поефикасно да ги планираат рутите на авионите.

Новиот систем за следење, пак, наречен GlobalBeacon, на авионските компании ќе им овозможи преглед на податоците од сателитите во врска со локацијата на леталата, за да можат во реално време да го следат нивното движење на интернет.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...