Масивен подводен оптички кабел САД-Азија во 2018

Големите технолошки компании сè повеќе ја шират интернет конективноста самите, заобиколувајќи ги компаниите специјализирани за нудење телекомуникациски услуги. Методите кои овие компании сакаат да ги искористат се напредни, од типот на користење на дронови или балони на голема височина, кои би обезбедувале интернет.

Но, некои од нив инвестираат и во „традиционалната“ интернет инфраструктура - гигантите Facebook и Google објавија дека работат на масивен подводен оптички кабел кој ќе ги поврзува Хонг Конг и Лос Анџелес.

Двете компании, во партнерство со Pacific Light Data Communication и TE SubCom ќе го градат транс-пацифичкиот подводен систем на кабли наречен PLCN (Pacific Light Cable Network), чија должина ќе изнесува 12 800 километри, и ќе биде еден од најдолгите подводни кабли кои ќе водат од САД до Азија.

Ова исто така ќе биде транс-пацифичка рута со најголем капацитет – до 120 терабити во секунда. Според Google, овој капацитет ќе биде доволен да му овозможи на Хонг Конг со Лос Анџелес истовремено да има 80 милиони видео конференции во HD резолуција. Системот се очекува да профункционира до 2018-та.

Facebook и Microsoft исто така градат 6500 километри долг кабел кој ги спојува Вирџинија со Шпанија, уште побрз отколку PLCN.

Што сето ова значи за нас „обичните смртници“ ? Прво, дека користењето на Google и Facebook ќе биде побрзо, особено за корисниците во САД и Азија, но и дека со ова, технолошките гиганти го прават интернетот побрз за сите други, бидејќи овозможуваат дополнителни рути за трансфер на податоците, поради тоа што и други компании ќе ја користат нивната инфраструктура.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...