Дрвени подови за производство на струја со газење

Кога ќе се спомене обновлива енергија, сигурно паркетните или ламинатните даски нема да ви паднат на памет како можен нејзин извор. Но, наскоро е можно така генерираната енергија да се најде на исто рамниште со соларната или онаа од ветерот, бидејќи тим истражувачи од Универзитетот од Висконсин - Медисон нашле начин да произведуваат електрицитет од дрвната маса.

Дрвната маса е делумно создадена од целулозни нановлакна и со додадена хемикалија од вистински тип, таа може да произведе електрицитет кога ќе дојде во контакт со хемиски нетретираните влакна.

Тоа значи дека даските изработени на овој начин би биле изработени од 2 материјали, секој од нив тенок 1мм или помалку. Кога тие 2 материјали ќе дојдат во контакт еден со друг (преку вибрацијата на чекорите врз даската), електроните од едниот ќе преминат на другиот, базирано на нивните спротивни набои. Тоа ќе предизвика имбаланс во напојувањето, и како што електроните ќе пробуваат повторно да се ребалансираат, тие ќе бидат насочувани низ екстерно струјно коло и енергијата ќе биде генерирана за понатамошно користење.

Овие истражувања покажуваат дека еден ден ќе биде можно да ги напојуваме светлата и батериите по дома, само преку чекорење врз дрвените подови. А бидејќи дрвената маса не е скапа и дури се јавува и како нуспроизвод од некои други индустрии, тоа значи дека ваквата технологија нема да чини премногу.

Вака обработените дрвени подови би можеле да се користат во трговски и спортски центри, стадиони и останати места каде што бројот на луѓето кои што ќе газат врз нив е огромен и каде што произведената енергија би можела да се искористи за напојување на самите објекти.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...