Соларни панели кои произведуваат вода

Компанијата Zero Mass Water ги развила соларните панели наречени Source („извор“), кои водената пареа од воздухот можат да ја претворат во питка вода која би била пренасочена кон славините во домовите.

Тие се направени од специјален материјал кој пасивно ја впива влагата од воздухот, на сличен начин како што оризот е способен да го прави истото, бидејќи водата лесно се врзува за него.

Потоа, енергијата собрана преку соларните панели се користи за испарување на водата за да се прочисти и преку специјален минерален блок да и се подобри вкусот и хранливата вредност.

Во просек, еден Source уред произведува 5 литри вода дневно, која може да биде складирана во метален канистер со капацитет до 30 литри. Иако ова е за некои 3 литри под препорачаната количина вода која едно четиричлено семејство би требало да ја пие дневно, сепак е доволно за да ги обезбеди виталните потреби за вода во спасувачки кампови или во импровизирани/привремени заедници/живеалишта.

Според Светската здравствена организација, скоро 10% од светската популација (663 милиони луѓе) немаат пристап до вода безбеда за пиење. Технологијата како Source значително би помогнала за решавање на овој проблем, бидејќи е многу по флексибилна во споредба со инсталирање на водоводна мрежа поврзана со градската.

Компанијата тврди дека нивниот систем, за да функционира, не треба да е споен за домашната (или било каква) електрична мрежа и дека инсталацијата на панелите трае околу 20-тина минути.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...