EnGoPLANET систем за напојување на улично осветлување

Генерирање електрицитет со чекорење не е сосема нова идеја, но стартапот EnGoPLANET планира оваа технологија да ја однесе чекор понатаму, со тестирање на хибриден систем од соларни панели и подлоги за собирање на кинетичка енергија кои би ги напојувале светлата на Boulder Plaza во Лас Вегас, 

Инсталирани се 4 улични светла и 8 кинетички подлоги со чија помош ќе се напојува оваа улица. Уличните светла се LED и нивниот примарен извор на енергија ќе бидат закривените соларни панели вградени на нив, кои ќе ја акумулираат енергијата собрана преку ден за да ги напојуваат светлата навечер. Кога времето ќе биде облачно или батериите ќе бидат скоро празни, тие ќе можат да се полнат преку подлогите врз кои што се чекори, произведувајќи 4 до 8 вати од чекор.

Но, не се работи само за систем на улично осветлување – EnGoPLANET има вградени сензори за движење кои детектираат доколку има пешаци, и ја штедат енергијата кога улицата е празна. Системот исто така има сензори кои го мерат квалитетот на воздухот, детектираат количина на вода, и го надгледуваат сообраќајот.

На располагање се и сигурносни камери, WiFi hotspot-и, како и можност за полнење на мобилни уреди преку USB порти или безжично индуктивно полнење.

EnGoPLANET ја гледаат оваа инсталација како почетен чекор кон визијата истиот да се вградува во реоните од светот каде што нема електрицитет, а веќе е започната Indiegogo кампања за тоа да се направи во 10 рурални области во Африка.

Ваквиот начин на осветлување на улиците е многу по штедлив и еколошки во споредба со класичниот, бидејќи просечна цена за осветлување на уличните светла е околу 40 милиони долари годишно, што резултира со над 100 милиони тони CO2.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...