Нанотехнологија за батерии кои би се полнеле за неколку секунди

Електронските уреди стануваат сè помоќни, а многу од нив и сè помалечки. Помалечките од нив, пак, побаруваат значителна количина на енергија за да функционираат, која постоечките батерии сè уште не можат ефективно да ја понудат, особено по подолга употреба.

Научниците од Универзитетот од Централна Флорида развиле нов вид на тенок, флексибилен супер-кондензатор со висока енергетска густина.

Тимот од Технолошкиот Центар за НаноНаука нашол начин да користи дводимензионални материјали како супер-кондензатори, со тоа решавајќи го проблемот со големината. За да еден кондензатор содржи иста количина на енергија како постоечките литиум-јонски батерии, тој би требало да биде многу поголем од нив – но истражувачите развиле едноставна хемиска синтеза за интегрирање на постоечките материјали со дводимензионалните материјали.

Дводимензионалните материјали користени во новото истражување се наречени TMD (transition-metal dichalcogenides) – тие се малечки и овозможуваат брз трансфер на електрони, т.е побрзо полнење и празнење, благодарејќи на јадрото со висока спроводливост. Овие супер-кондензатори се направени од милиони жици тенки неколку нанометри, чија обвивка е направена со TMD материјалот.

Ваквите кондензатори не деградираат бргу, дури ни по 30 000 полнења – во споредба, на литиум-јонските батерии перформансите почнуваат да им слабеат по околу 1500 циклуси со полнење/празнење.

Доколку „обичните„ батерии би ги замениле со оние кои би содржеле супер-кондензатори, мобилните телефони би можеле целосно да се наполнат за неколку секунди, и би немало потреба од полнење најмалку една недела.

Технологијата сè уште не е спремна за комерцијална употреба бидејќи тимот работи на тоа прво да ја патентира, а откога би се појавила на пазарот може да претставува иднина на електрониката, од смартфони, уреди што се носат, до електрични возила.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...