LG PJ9 Bluetooth левитирачки звучник

Левитирачката аудио опрема не е ништо ново, но е секогаш интересна. Сега и компанијата LG го претстави својот „дел од колачот“ на ваквите уреди на пазарот, новиот PJ9 портабилен Bluetooth звучник.

Самиот звучник има дизајн вообичаен за звучниците кои звукот го шират под агол од 360 степени, и лебди во воздух врз базата наречена станица за левитација. Таа има вградено електромагнети кои го држат звучникот во воздух, но истовремено функционира и како сабвуфер, кој според зборовите на LG би требало да дава импресивен бас.

Звучникот го шири звукот користејќи двојни пасивни радијатори за репродукција на силни средни фреквенции, и јасни и чисти високи фреквенции. Целиот уред е направен според IPX7 спецификациите, што значи дека преживува не само пад, туку и прскање/потопување во вода.

Од LG тврдат дека батеријата издржува до 10 часа свирење, а кога веќе е при крај (после околу 8 часа), звучникот автоматски почнува да се спушта врз станицата за левитација.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...