Артисанополис – концепт за прототип на пловечки град

Артисанополис е прототип на пловечки град, дизајниран од тимовите на Roark 3D и Fortgalt, за потребите на архитектонскиот дизајнерски натпревар на Seasteading институтот.

Градот би бил потполно стабилен на вода и би се напојувал исклучиво од соларна и хидроелектрична моќ. Оранжериите би произведувале голем дел од залихата на храна, додека централата за десалинација би произведувала вода безбедна за пиење, а градот би бил потполно опколен со „кршачи на бранови“ кои ќе ги спречуваат потенцијалните оштетувања на структурата од брановите.

За да овој град стане реалност, институтот потпишал меморандум со француско -полинезиската влада за започнување на конструкцијата до 2019-та.

Веќе 5 години, Seasteading институтот ја истражува ефикасноста на еден ваков пловечки град, а сега морат да докажат дека истиот би бил и економски исплатлив. Покрај сите потребни легални истражувања (кој ќе раководи со градот, дали ќе биде политички автономен итн.), важно ќе биде да се утврди и неговото еколошко влијание. Бидејќи нивото на океаните постојано расте и ги загрозува крајбрежното население и инфраструктура, институтот верува дека вакви пловечки острови би биле потенцијално решение за тој проблем.

Градови како Артисанополис еден ден би можеле да вдомат значаен број на луѓе, притоа не наштетувајќи и на околината.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...