Кожа за покривање на роботи како во Westworld

Инспирирани од природата, научниците креирале филм чувствителен на топлина кој би можел да се искористи за изработување на „кожа“ која на роботите би им овозможила детектирање на температурните промени во околината.

Развиен од тим научници од ETH Zurich во Швајцарија, материјалот го имитира начинот на кој што природната змиска мембрана функционира за да животното го почувствува пленот кој што е во близина. Тие успеале тоа да го постигнат користејќи пектин – евтина супстанца која вообичаено се користи за згуснување на џем.

За да се направи филмот, раствор од пектин бил измешан со калциум хлорид, а мешавината потоа била дехидрирана за да се создаде транспарентен, флексибилен материјал. За разлика од традиционалната електроника која ги детектира температурните промени преку струење на електрони, филмот ги чувствува варијациите на температурата преку јонските струи – што е процес кој што го користат змиите. Секоја промена во температурата влијае на отпорноста на филмот, која што истражувачите можеле да ја измерат преку електродите поставени на неговите рабови.

За да го тестираат, тимот ставил плишано мече во микробранова печка и го загреал до 37 °C, а мембраната го почувствувала на далечина од 1 метар. Таа исто така можела да детектира температурни промени до 10 миликелвини – што ја прави двојно почувствителна отколку човечката кожа.

Вештачка кожа направена од овој материјал би можела да се искористи за покривање на телото тело на роботи со вештачка интелигенција, со чија помош тие би можеле да учат повеќе за околината за да функционираат поефикасно – како на пример во итни случаи да можат полесно да лоцираат луѓе во спасувачки мисии.

Тој би можел да се искористи и надвор од роботиката – на пример, за изработка на простетика која би му овозможила на носителот да чувствува топлина во непостоечкиот екстремитет.

Тимот вели дека материјалот би можел да се аплицира и преку спреј, или со потопување на објекти во него – слично на технологијата прикажана во хит-серијата Westworld.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...