Холограм како од Војна на Ѕвездите

Научници од Националниот Австралиски Универзитет развиле уред од нано-материјал за кој велат дека креира холографски слики со најголем квалитет – нешто слично како на оние од серијалот Војна на ѕвездите.

Новиот материјал ја манипулира светлината со екстремна точност, а бидејќи уредот е мал, тоа значи дека холограмската технологија би можела да се имплементира и во малечки персонални гаџети, како смартфоните.

Рамните слики на телевизорите и комјутерските екрани ја презентираат информацијата во само 2 димензии, а за лебдечки 3D холограми (како оној на принцезата Леа) потребно е светлината да се манипулира во 3 димензии – нешто што новиот нано материјал го прави и тоа во 3 димензии на инфрацрвена светлина.

Материјалот е создаден од милиони малечки силиконски столбчиња, секој од нив 500 пати потенок од човечко влакно. Со манипулирање на површината на овие нано-столбчиња, од кои секој функционира како еден вид на проектор на пиксели, системот е способен да генерира монохроматски холограми (во нијанси од една боја). Материјалот е транспарентен, што значи дека губи минимум енергија од светлината.

За да ги презентираат можностите на оваа нова технологија, тие креирале слика на 3D кенгур.

Сега за сега, системот е лимитиран на прикажување на многу мали холограми – со широчина од 0.75mm до 5mm.

Штом се усоврши, овој тип на технологија би можел да се вградува во гаџети кои ги користиме секојдневно, овозможувајќи на камерите да ја снимаат светлината во три димензии, како и во напредни оптички системи кои би се користеле во опрема наменета за научни експерименти.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...