PillDrill – систем за редовно земање лекови

Оние кои земаат лекови како дел од постојана терапија, се случува понекогаш да заборават на рутината, особено доколку се постари или имаат потешкотии со меморијата – што понекогаш може да претставува голем ризик за здравјето.

Тука на сцена стапува PillDrill – систем кој се состои од уред кој изгледа како аларм часовник, држачи за шишенцата со апчиња (со RFID таг) на кои се обележани деновите од неделата, неколку RFID тагови за сопствените шишенца, „mood cube” и апликација за смартфон.

За да PillDrill го научи распоредот кои лекови кој ден ги земате, потребно е само да ги скенирате RFID (идентификација со радио фреквенција) таговите на шишенцето, пред да го земете лекот и системот ќе го запомни.

Потоа, уредот ќе го предупредува пациентот и членовите на фамилијата (или оние кои се грижат за него) доколку некое апче не се земе во потребниот период, а тоа ќе го прави со светло кое трепка на него, звучни сигнали, како и преку апликацијата или СМС порака.

Исто така, може да се искористи апликацијата или форма на сајтот за мануелно да се впише распоредот и името на секој лек, доколку тоа сакате веднаш да го направите.

“Mood cube” , односно коцката за прикажување на расположението, служи за пациентот да ја внесе моменталната состојба во уредот со скенирање на едно од 5-те смајлија, (кои симболизираат „одлична“, “добра“, “ОК“, “лоша“, и “ужасна“ ) , па така PillDrill може да се нагоди да испрати нотификација до фамилијата доколку пациентот внесе дека се чувствува лошо или ужасно.

Целиот пакет чини $200, но засега се продава само во Северна Америка – а доколку се покаже успешен на пазарот, можна е и негова интернационална дистрибуција.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...