„Мој весник“ во твојот телефон

Денес ретко кој купува печатени весници (особено помладата генерација), бидејќи преку разни интернет портали сите тие информации се достапни со само неколку клика. Меѓутоа, бројот на тие портали е огромен, па не е баш лесно да се одбере кои сè редовно да се посетуваат.

“Мој Весник“ е исклучително едноставна, но ефикасна апликација која ја елимира потребата од тоа бирање (или во најлош случај, го поедноставува), бидејќи ги агрегира вестите и останатите содржини од скоро сите популарни македонски веб портали.

Менито за нагодување е едноставно и содржи само две категории: Мои Теми и Мои Извори.

Во „Мои Теми“ можете да ги селектирате темите за кои сакате да читате вести, а на располагање се 10, и тоа: Македонија, Свет, Економија, Забава, Сцена, Живот, Култура, Здравје, Технологија/Наука и Спорт.

Во “Мои Извори“ ги избирате веб порталите од кои што сакате да пристигнуваат вестите (кои ги има дури 63 на број) како it.mk, Утрински весник, Кајгана, Слободен печат, Вечер, Црно Бело, Плус Инфо, Алсат, Вест, 24 Вести, Дневник, off.net.mk, Нетпрес, Макфакс, и многу многу други.

Откога сте на главниот екран на апликацијата („Топ Вести“), преку главното мени од лево лесно може да селектирате да бидат прикажани вести само од одредена тема но од сите портали, или пак да одберете еден портал т.е извор чии содржини сакате да ви пристигаат, кои потоа можете исто така да ги филтрирате според одредена тема.

Корисничкиот интерфејс е интуитивен и без потешкотии секој може да се снајде во него, а олеснителна околност е и тоа што секоја категорија е илустрирана со лесно препознатлива икона, а секој портал/извор го има логото до него.

Апликацијата самата се освежува на секои 10 минути, така што секогаш ги имате најновите содржини.

Единствена забелешка би била тоа што со самата апликација не следува и виџет преку кој вестите и информациите би биле побргу достапни со тоа што би се прикажувале на некој од домашите екрани на смартфонот (наместо за секој преглед да мора повторно да се активира апликацијата).

Авторот на “Мој Весник“ е Игор Петровски, дипломиран инженер по информатички науки, а апликацијата може бесплатно да се превземе (сега засега само ) од Google Play продавниата каде што ќе најдете дополнителни информации како да го контактирате авторот, или да го испратите својот портал доколку сакате да се најде на листата на извори.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...