Нов вид на течен кристал за дисплеи

Научници создале нов тип на течен кристал кој ќе им дозволува на произведувачите на ТВ и компјутерски екрани да го зголемат бројот на пиксели за три пати повеќе (кои ќе бидат „згуснати“ на ист реон на екранот), истовремено редуцирајќи ја количината на енергија потребна за да уредот работи.

Новиот тип на течен кристал е многу ефективен бидејќи не ги користи колор филтрите кои се користат во сегашните екрани – само ова може да ја редуцира енергијата која се губи при пренос на светлината за повеќе од 40%.

Според Шин-Тсон Ву од универзитетот во Централна Флорида, денешните Apple Retina дисплеи имаат густина од околу 500 пиксели по инч, а со новата технологија, на екран со иста големина, таа би можела да изнесува 1500 пиксели по инч – ова би било исклучително атрактивно за VR (виртуелна реалност) уредите кои се носат на глава, кои за да дадат остра слика е потребно да имаат висока резолуција.

Во денешните LCD екрани, бело позадинско LED светло е модулирано од тенок слој на течен кристал, кој се извртува во зависност колку волтажа влегува во него, а малечки транзистори носат доволно волтажа за LED светлото да се прикаже низ секој пиксел на екранот, при што колор филтрите генерираат црвени, зелени и сини пиксели со кои се добива бојата на сликата.

Новиот „blue-phase” (сина фаза) течен кристал ја унапредува оваа LCD технологија стара повеќе од една декада, бидејќи не ги користи колор филтрите поради тоа што неговите кристали можат да се извртуваат за 10 пати побргу отколку нематичките.

Тоа значи дека за помалку од една милисекунда, секоја LED боја може да се испрати низ „субпикселите“ на кристалот, во различни времиња. Бидејќи еден „субпиксел“ може да ги прикаже сите три бои во било кој момент, тоа значи дека технологијата може да „спакува“ три пати повеќе пиксели на иста површина во споредба со дисплеите од нематички течен кристал.

Тимот истражувачи се надева дека, во соработка со разни произведувачи, ќе имаат спремен прототип во текот на наредната година.

Доколку технологијава заживее, може да очекуваме екрани со „лудо“ високи резолуции, што особено ќе се одрази на VR технологијата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...