Евтин и достапен филтер за пречистување на водата за пиење

Труењето со арсен во водата за пиење е сè уште здравствен проблем за 137 милиони луѓе во над 70 земји ширум светот.

Сега, нов систем за филтрирање креиран од австралиски истражувачи може да претставува евтин и лесен начин за решавање на овој огромен здравствен проблем, и најдобро од сè, може да се направи со користење на рециклирани делови.

Системите за отстранување на арсен од земјената вода по пат на обратна осмоза или размена на железо се скапи и не би имале скоро никаква корист во земјите на кои им се навистина потребни, како Виетнам или Бангладеш.

Тимот од технолошкиот универзитет во Сиднеј (UTS) кој стои зад овој нов филтер објаснува дека бидејќи труењето со арсен е бавен процес, многу луѓе кои немаат алтернатива за прочистување на водата, продолжуваат да ја пијат, а подоцна кај нив се јавуваат разни типови на рак или гастроинтестинални пореметувања.

Системот се состои од три клучни компоненти – органска мембрана, резервоар во која што таа се сместува и апсорбирачки кертриџ направен од локални индустриски отпадни продукти кои се на располагање.

Мембраната, која е еден вид на селективна бариера, исто така ќе ги отстранува бактериите и цврстите материи од загадената подземна вода, што значи дека крајниот продукт ќе биде чист и безбеден за пиење. Филтрирачкиов систем би се напојувал од гравитацијата, соларната енергија, или со рачна пумпа, а мембраните би траеле до 3 години, додека кертриџите кои го апсорбираат арсенот би се менувале на секои 3 до 6 месеци. Искористените кертриџи потоа би се претворале во безбеден градежен материјал.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...