Паметна јакна од Google и Levi's

Со исклучок на тракерите за активност и смарт часовниците, фер е да се признае дека технологијата која се облекува не е премногу застапена денес на пазарот (ниту пак премногу побарувана), но доколку се прашуваат Google и Levi’s, тоа наскоро ќе се смени.

Двете компании се здружиле во создавањето на нивниот прв ко-дизајниран продукт – паметна јакна. Изгледот и е идентичен како на обичната Levi’s Commuter јакна, со тоа што е направена од кондуктивен материјал наречен „интерактивен тексас“ и има Bluetooth уред кој се закачува на ракавот.

Уште во 2015 Google го најавија нивниот план за создавање на ваков тип облека (наречен Project Jacquard), а оваа јакна ќе биде првото парче кое ќе ја инкорпорира технологијата.

Она што ја прави јакната посебна се малечките електрични кола вткаени во материјалот, овозможувајќи на еден мал дел од ракавот – составен од 15 кондуктивни нишки – да биде чувствителен на допир.

Кога ќе се поврзе со малечкиот Bluetooth уред кој се сместува во специјален простор за него на ракавот, допирите и гестовите кои се детектирани од интерактивниот тексас се пренесуваат во смартфонот или било кој друг поврзан уред.

Така на пример, доколку слушате музика на смартфонот и сакате да ја смените траката, наместо да го вадите телефонот од џебот потребно ќе биде само еден краток потег или допир на ракавот. Слични гестови можат да се користат за нагодување на силината на звукот, јавување или одбивање на повици, или интеракција со навигациските опции на некоја GPS апликација.

Кога ќе се појави на пазарот подоцна годинава, јакната ќе доаѓа со специјална апликација со која ќе може да ги нагодувате специфичните функции за 5-те контролни гестови – „слајд“ нанапред, наназад, двојно притискање, притискање со цела шака, и кружно движење. Јакната исто така ќе може да го предупредува носителот за дојдовни повици или пораки со вибрирање, а ќе може да се пере исто како и секоја јакна, со тоа што само ќе биде потребно да се извади Bluetooth уредот од ракавот – вткаената технологија нема да се оштети.

Бидејќи кондуктивните влакна се вметнати во материјалот со користење на стандардните индустриски разбои, тоа значи дека идната ваква технологија ќе биде многу лесно да се вметнува во облеките.

Цената во САД ќе изнесува околу $350.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...