Сите ја знаеме приказната за Снежана и лошата кралица која на огледалото му се обраќа со легендарното прашање кој е најубав во целото кралство и дефинитивно сме посакувале да имаме едно такво огледало за „правење муабет“ по дома.
Нешто блиску до тоа е серијата на паметни огледала на компанијата Viio, со вградени LED светла и способност преку нив да се слуша музика (од смартфон, таблет или компјутер) или пак да се одговара на телефонски повици (преку 4.0 Bluetooth конективноста).
Viio паметните огледала ги има во 3 големини – Vezzo (61 x 81cm), Vetta (61 x 162cm), и Vero (округло со пречник од 76cm), а останати опции кои ги нудат се амбиентално LED осветлување, способност за отстранување на замагленоста од пареа, можност за приклучување на уреди со aux конекција, додека вградената литиум-јонска батерија може да трае и до 6 часа со едно полнење.