Tactile - пренослив преведувач од текст во Брајово писмо

Шест студенти по инженеринг на додипломски студии на MIT дизајнирале пренослив уред кој може во реално време да конвертира текст во Брајово писмо.

Нивниот прв прототип бил креиран во 2016-та, а од тогаш уредот наречен Tactile има претрпено голем развој и сега неговата големина е колку на чоколаден бар.

Она што го издвојува Tactile од останатите преведувачи на Брајовото писмо е неговата ниска цена – повеќето слични уреди се скапи и преводот е лимитиран на текст кој е на располагање исклучиво во дигитална форма. На пример, уредот HumanWare Braillant се приклучува на компјутер или мобилен уред за да преведува текст во Брајово писмо, а чини $2595, додека креаторите на Tactile се надеваат дека ќе можат нивниот уред да го продаваат за помалку од $200.

Студентите кои го имаат измислено имаат планови да го усовршуваат, во што од огромна помош ќе им биде наградата од $10 000 која ја имаат добиено од MIT.

Моментално, камерата на Tactile може да снима слики само во нејзиното видно поле, а целта е уредот да биде што повеќе сличен на рачните скенери со кои може одеднаш да се скенира цела страница.

Tactile би требало да се појави на пазарот во наредните 2 години и ќе ја направи секоја книга во секоја библиотека достапна за оние кои ја користат Брајовата азбука.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...