Тестирање на патишта за безжично полнење на електрични возила

Скорешната колаборација помеѓу израелската влада и ElectRoad (компанија фокусирана на користење на комплетно електрични автобуси) за развивање на технологија која овозможува тие да се полнат додека возат, веќе ја завршила првата рунда тестирања.

Ова и доделило инвестиција од $120 000 и шанса да ја тестираат технологијата во 2018 на рута во Тел Авив со должина од 800 метри, што ако успее, ќе им овозможи нејзина имплементација на патот помеѓу градот Еилат и аеродромот Ramon International во должина од 18 километри.

Технологијата функционира со помош на електромагнети. Од страната на патот се инсталирани инвертери кои ги напојуваат со електрицитет бакарните плочки вградени во него, кои имаат интеракција со слични такви плочки поставени под автобусите, создавајќи електрично поле кое ги напојува автобусите.

Покрај овој механизам, автобусите ќе бидат опремени со малечка батерија која ќе ги напојува кога тие нема да возат над електромагнетната лента, и ќе им овозможува да забрзуваат.

Иако оваа технологија ветува многу, постојат значителни пречки кои ќе мора да се надминат. Првата пречка е имплементацијата – ElectRoad велат дека можат да ја инсталираат лентата на било кој пат во должина од еден километар за само една вечер, но тоа сè уште не е тестирано во градски услови.

Вториот проблем е што ова решение можеби доаѓа предоцна, поради скорешниот напредок во технологијата за изработка на батерии. За последните неколку години, цената на киловат-час за литиумските батерии е намалена од $1000 на $200-300.

Најголемата предност на овој вид на напојување за автобуси е одржливоста. Тие нема да користат фосилни горива кои ја загадуваат околината, а доколку технологијата се аплицира и на автомобилите и другите видови електрични возила, значително би помогнала во намалување на емисиите на штетни гасови.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува човек во кафана и прашува:
- Кој е овде посилен од мене?
Стануваат тројца батки:
- Ние сме!
- Е па, дојдете да го бутнеме југово.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Роден е францускиот крал Анри Втори, татко...
1563.- Со мировен договор во Амбоаза заврши...
1628.- Англичаните во Америка ја основаа...
1629.- Роден е рускиот цар Алексеј Михајлович...