Антирефлективен филм инспириран од очите на молци

Нов вид на транспарентен филм инспириран од очите на молците наскоро би можел да се користи за елиминирање на отсјајот на екраните на мобилните телефони и таблетите, без притоа да „цица“ од батеријата.

Не само што оваа технологија би овозможила 4 пати помалку отсјај од светлина, туку е и доволно флексибилна да се адаптира на закривените екрани, притоа одржувајќи ја површината чиста од прашина и отисоци од прсти.

Тим инженери од САД и Тајван биле инспирирани од наноструктурите во очите на молците, кои на овие инсекти им помагаат да ги избегнат предаторите преку заробување на светлината која инаку би можела да биде рефлектирана, со што тие би биле забележани од нив.

Како што светлината преминува од воздухот до закривената површина на нивните очи, светлосните бранови се превиткуваат т.е прекршуваат на таков начин што се расфрлаат без да произведат видлив отсјај.

Разните премази против рефлексија и отсјај не се ништо ново, но многу од нив имаат проблем што или премногу го редуцираат поминувањето на светлината, рефлектираат само одредени бранови должини, и се скапи и лесно можат да се оштетат.

Повеќето смартфони го решаваат овој проблем преку детектирањето на нивото на светлина која допира до екранот, и автоматски зголемувајќи го неговото осветлување за тоа да го компензираат, што како резултат премногу ја троши батеријата.

Иако е познато дека структурата на очите на молците ја редуцира рефлексијата од нивната површина, релативно е тешко да се создаде антирефлективен филм со оваа наноструктура кој е доволно голем да се користи на смартфон или таблет.

Тимот истражувачи конструирале материјал со малечки вдлабнатини со дијаметар од околу 100 нанометри, сите на раздалечина од околу 10 нанометри една од друга, користејќи математички модел да ги адаптираат ситните детали. Колку за споредба, 1000 такви вдлабнатини би собрале на површина широка колку едно човечко влакно.

Материјалот бил произведен користејќи мешавина од малечки сфери и силикон диоксид кои преку центрифугирање биле споени во единечен слој, сето тоа преку релативно едноставен процес.

Типичен екран на iPhone може да рефлектира назад 4.4% од светлината околу него, додека филмот од овој материјал рефлектира назад само 0.23% од светлината. Покрај тоа, материјалот го подобрува и соодносот на контрастот – разликата помеѓу најсветлата и најтемната нијанса на екранот – кога тој е изложен на сончева светлина. Во сенка, контрастот бил дури 10 пати подобар.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...