Ултра сјаен "Giga Sol" ласер

Физичари од универзитетот во Небраска-Линколн со помош на DIOCLES ласерот (еден од најмоќните ласери во САД) успеале да креираат ултра-сјајна светлина со силина на милијарда сонца, со чија помош би можел да се развие нов вид на рендгенски (икс) зраци, како и да се потврдат некои од основните правила на електродинамиката.

Според Доналд Умстатер, водачот на овој проект, досега имало многу теории кои никогаш не биле лабораториски тестирани бидејќи никогаш немало доволно силен светлосен извор за да се одржат одредени експерименти. Постоеле разни предвидувања што би се случило во некои од нив, а сега биле потврдени некои од нив.

Тимот истражувачи го испукувал ласерот кон хелиум-суспендирани електрони, за да видат како фотоните ќе се расфрлаат од единичен електрон секој пат кога тој ќе е погоден.

Во нормални светлосни услови, фотонското расејување ја прави возможна можноста за гледање, но електроните обично расфрлаат по еден фотон, а не повеќе истовремено.

При претходни ласерски експерименти успеале да се расфрлаат неколку фотони од еден електрон, но во овој нов експеримент биле расфрлани скоро 1000 фотони одеднаш – што било толку интензивно што дури изгледот на објектите бил променет, бидејќи супер сјајниот ласер го зголемил аголот и енергијата на фотоните одбиени од електроните.

Но, што е поврзаноста на сето ова со икс-зраците?

Кога електронот е погоден со сјаен ласерскиот зрак, тој испушта свој сопствен фотон, кој со себе ја носи комбинираната енергија од сите фотони кои удриле во електронот, давајќи му енергија и бранова должина еквивалентна на икс-зраците.

Научниците се надеваат дека овие специјални „рендгенски“ фотони би можеле да се користат за ловење на тумори кои сегашните икс-зраци не можат да ги детектираат, за креирање на ултра брза камера која би ги снимала движењата на електроните и хемиските реакции, или за креирање на 3D слики од наноскопски објекти.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...