Трка за создавање компјутер со моќ за предвидување на иднината

Двата најбрзи суперкомпјутери во светот моментално се во Кина, и имаат 93 и 33 петафлопси процесирачка моќ. Еден петафлоп е еднаков на 1,000,000,000,000,000 калкулации во секунда, а дури и машината со 93 петафлопси ќе делува бавна во споредба со првиот  егзаскален компјутер, откога некој конечно ќе го создаде.

Таквиот суперкомпјутер би имал моќност од 1000 петафлопси, што значи дека би бил околу трилион пати побрз од обичните лаптопи, кои можат да извршуваат 1 билион калкулации во секунда. Создавањето на толку можен компјутер би бил преголем залак за само една компанија, но доколку повеќе нации и компании се здружат, тоа би било изводливо.

Моментално најбрзиот компјутер во САД е Титан, со 18 петафлопси во секунда. Нивната влада планира да претстави нов суперкомпјутер во Oak Ridge националната лабораторија во Тенеси, кој ќе има моќност од 200 петафлопси.

Ова лето, министерството за енергија на САД дало 258 милиони долари на 6 компании (AMD, Cray, Hewlett-Packard, IBM, Intel, и Nvidia) како дел од нивниот Егзаскален Компјутерски Проект. Надежта е дека овие индивидуални компании ќе можат да развијат разни компоненти потребни за еден таков систем кој би бил оперативен до 2021-ва.

САД не се единствената нација која агресивно работи на ваков суперкомпјутер – според Meng Xiangfei, директорот на националниот кинески суперкомпјутерски центар во Тијанџин, нивниот Tianhe-3 суперкомпјутер би требало да ја постигне егзаскалната моќност во 2018-та. Во меѓувреме, пак, Јапонија верува дека тие една таква машина (Post-K) ќе имаат спремно во почетокот на 2022.

Која е поентата во имање на толку брзи суперкомпјутери? Меѓу другото, тие би имале доволно компјутерска моќ со голема прецизност да моделираат комплексни биолошки системи, па дури би можеле и да предвидуваат криминал.

Егзокомпјутерите би можеле да вршат целосни анализи на податоците добиени со надзор, дури и на глобално ниво, а еден таков систем би можел да ги скенира социјалните медиуми и останати извори на информации во реално време – со што, теоретски, би можеле да се креираат профили на луѓе со одредени карактеристики кои би биле склони кон извршување на криминални и останати незаконски дејствија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...