Бетонски кров кој генерира соларна енергија

Истражувачи од Швајцарскиот сојузен технолошки институт во Цирих развиле нова форма на ултра-тенок заоблен бетонски кров способен да генерира соларна енергија. Дизајнот ќе им овозможи на станбените структури кои се дел од училишната лабораторија да генерираат повеќе енергија отколку што трошат.

Кровот е направен од неколку слоеви – внатрешниот е од бетон, кој служи како основа за калемите за греење и ладење, како и изолацијата, а потоа на екстериерот на зградата се инсталира тенок филм од фотоволтаични ќелии кои користат за собирање на соларната енергија.

Прототипот на кровот е висок околу 7.5 метри и има тотална закривена површина од 160 квадратни метри, а истиот дизајн ќе биде имплементиран идната година на станбената зграда која е дел од NEST проектот.

Уникатната форма е постигната со користење на мрежа од челични кабли покриени со полимер текстил, на која бетонот може да се задржи, а тој врз неа бил прскан со техника развиена специјално за оваа апликација.

Соларната енергија е сè повеќе одржлив начин за создавање енергија и сè повеќе и повеќе земји инвестираат во соларна инфраструктура. Благодарејќи на проектите како овој кров, и индивидуите ќе имаат сè повеќе начини да ја имплементираат соларната технологија во своите домови.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...