Софија – прв робот кој добил државјанство

Во историски потег за луѓето и роботите, Кралството Саудиска Арабија официјално го даде првото роботско државјанство во светот.

Софија, роботот развиен од компанијата Hanston Robotics од Хонг Конг, се качи на сцената на настанот Future Investment Initiative каде самата го објави нејзиниот уникатен статус.

Искажувањето на емоции е специјалност на Софија – таа се намуртува кога е незадоволна и се насмевнува кога е среќна. Hanston Robotics ја имаат испрограмирано сето тоа да го учи од луѓето околу неа, а способна е и да учествува во интелигентен разговор.

Одлуката на робот да му се даде државјанство ја надополнува дебатата дали роботите треба да имаат права слични на оние на луѓето. Порано годинава, Европскиот парламент предложи давање на агентите со вештачка интелигенција “AI” статус на “личности“, давајќи им одредени права и одговорности. Еден од експертите, пак, сугерираше дека треба да е овозможено на луѓето да ги мачат роботите.

Во секој случај, не се дадени никакви дополнителни детали во врска со саудиското државјанство на Софија, а тој потег се смета повеќе како симболичен, дизајниран да привлече што повеќе инвеститори за идни технологии како роботиката и вештачката интелигенција.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...