Зошто сите се опседнати со iPhone X?

Само ден  нè дели од најголемата потрага по скриено богатство во Македонија која што ќе се одржи на плоштадот „Македонија“ во недела од 11 часот.

И додека прекрасниот iPhone X чека на вас да се пријавите и да го освоите, ви откриваме зошто овој смартфон во моментот е еден од најбараните модели на светот.

Телефонот, чие име се чита како „десет“ има одличен дизајн кој отскокнува од сите досегашни iPhone модели, но и од конкуренцијата на останатите производители.

Екранот на iPhone X се протега скоро до рабовите на уредот, а првото нешто што паѓа во очи е изрезот на горниот дел на екранот каде што се наоѓа предната камера (од 7 мегапиксели) и звучникот. Токму овој дизајнерски детаљ го прави iPhone X уникатен и препознатлив, особено во морето Android-и кои се скоро идентични едни со други.

iPhone X има OLED дисплеј со дијагонала од 5.8 инчи, резолуција 2,436 x 1,125 пиксели (458 пиксели по инч). Истиот има исклучително остра слика со живи бои и е лесно прегледен и за време на директна сончева светлина.

True Tone технологијата на Apple, ги детектира светлосните услови во кои се наоѓате и го нагодува екранот според нив за да е што почитлив. Задниот дел од телефонот е стаклен, додека двојната камера е поставена вертикално наместо хоризонтално.

iPhone X е напојуван од истиот A11 Bionic процесор од iPhone 8 и 8 Plus, што го прави интерфејсот исклучително брз. Во однос на интеракцијата со iOS, таа се одвива исклучиво со гестови бидејќи iPhone X веќе го нема “home” копчето како неговите претходници. 

Така, на пример, за да се пристапи кон контролниот центар потребно е да се „свајпне“ од горниот десен агол надоле, а кога сте во апликација потегот е од долу нагоре за да се вратите на почетниот екран.

Главниот белег на iPhone X е Face ID методот за отклучување на телефонот, кој комплетно го заменува досегашниот Touch ID. За да го отклучите iPhone X, наместо да го скенирате отпечатокот од прстот, потребно е само да погледнете во телефонот. Секако, претходно уредот ќе мора да се „запознае“ со вас преку скенирање на лицето со сензор за негово 3D мапирање.

Face ID функционира изненадувачки добро и во темница, а оваа технологија од Apple ќе биде усовршувана секојдневно и со секој нов апдејт на оперативниот систем.

Уште една новост е што овие сензори за 3D мапирање, како и предната камера, се користат за новите анимирани емотикони, наречени Animoji.  Тие ги следат вашите фацијални експресии и ги вметнуваат во анимираните емотикони кои потоа може да се користат во нативната апликација за пораки, на сличен начин како што технологијата за снимање на движењата на луѓето се користи во филмовите за анимирање на дигиталните ликови.

Задната камера е од 12 мегапиксели со широкоаголен објектив и 2х оптички зум и исто како и предната има оптичка стабилизација на сликата. Фотографиите кои ги прави камерата се остри и имаат реалистичен приказ на боите. Кога е во портрет мод зад ликот се додава заматување кое на сликите им дава изглед како да се снимени со DSLR. Бидејќи iPhone X на селфијата им додава специјално осветлување, тие имаат професионален изглед, што дефинитивно ќе им користи на оние кои „живеат“ на Инстаграм.

Телефонот е и водоотпорен (IP67) и може да остане под вода 30 минути на длабочина до 1.5 метри.

Од сето ова може да се заклучи дека iPhone X е фантастично парче технологија кој ќе преставува камен темелник за сите идни генерации на iPhone-и, кој конечно значително отскокнува од неговите претходници и во поглед на дизајнот и во поглед на техничките карактеристики кои се импресивни.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...