Потврдена позицијата на Телеком како оператор на најдобрата мрежа

Најголемиот дел од граѓаните на Република Македонија сметаат дека мрежата на Македонски Телеком е најдобра во земјава и дека ги оправдува нивните очекувања.

Резултатите се добиени од истражувањето на реномираната агенција „Брима“ – „Аспекти и генерална перцепција на телекомуникациските оператори“, спроведено во октомври оваа година и ги опфаќаат и фиксната и мобилната мрежа. Корисниците сметаат дека Телеком има најдобар квалитет на говорни услуги, но и најстабилен и најсигурен мобилен и фиксен интернет.

-Ова признание ни е посебно драго затоа што доаѓа од корисниците и е резултат на постојаните инвестиции во мрежата и во новите технологии. Планираме и понатаму да продолжиме со инвестиции, кои не само што ќе овозможат најдобри и најиновативни услуги, туку и ќе ја поттикнат дигитализацијата во општеството, истакна Андреас Елснер, Главниот извршен директор на Македонски Телеком.

Уште еден доказ за квалитетот на мрежата се и резултатите од тестирањето на компанијата P3 Communications, која на Македонски Телеком му додели P3 „Best in Test“ сертификат, што е меѓународно признат доказ за квалитетот на мобилната мрежа. Независното истражување, спроведено во ноември годинава, потврди дека мобилната мрежа на Македонски Телеком ги има најдобрите резултати за мобилен интернет и за говорни услуги. Оваа година, компанијата го достигна највисокиот резултат постигнат во Македонија, со 901 од 1000 можни поени.

P3 сертификатот е широко прифатен како независен и репрезентативен резултат од тестирањето на мобилните мрежи, бидејќи се базира на реална споредба на конкурентите на одреден пазар.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...