Од роботи стриптизети до паметен тоалет од 6000 долари

Секоја година вљубениците во гаџети и најнова технологија се собираат во Лас Вегас на CES (International Consumer Electronic Show/интернационалниот саем на потрошувачка електроника), а еве некои апсурдни технологии кои беа претставени на неговото овогодишно издание:

1) Роботски стриптизети

CES не е само обичен саем – таму се одржуваат и многу забави спонзорирани од корпорации и настани кои на присутните им ветуваат средба со големи имиња во технологијата, бесплатна храна и пијачки. Оваа година честа (или срамот) да се домаќини на една таква забава беше Sapphire Gentlemen’s Club и нивните морничави роботски стриптизети.

За жал, тие изгледаат далеку од андроидите од научно фантастичните филмови како најновиот Blade Runner, а повеќе на комбинација од манекен кукли како од излозите и факс машини кои вртат со колковите.

Се чини дека организаторите на овој „спектакл“ комплетно ја промашиле поентата на овие роботи. Уметникот кој ги креирал, Жил Вокер, вели дека инспирацијата ја добил од зголемениот број на камери за надгледување, што го натерало да го експлоатира воајеризмот со тоа што самите камери ги направил да изгледаат „секси“.

2) Уред за слабеење што испушта електрицитет во мозокот


Индустријата за слабеење постојано нуди разни гаџети и суплементи кои ветуваат безболно губење на тежината со минимален напор од самиот корисник, а штом нешто звучи предобро за да е вистинито, обично така и е.

Еден таков уред е и оној на компанијата Modius Health, кој се става на главата и има две електроди кои се закачуваат зад ушите. Тој потоа испушта електрични сигнали во вашиот хипоталамус, под претпоставка дека неговото стимулирање ќе ви го намали апетитот.

Сајтот на компанијата има „научна“ секција каде има објавено резултати од една студија, која вклучувала само 15 луѓе во период од 16 недели. Нормално, уредот не е одобрен од FDA бидејќи доколку некој би им ги однел „доказите“ во врска со неговата функција, најверојатно би бил избркан од зградата, проследено со смеење.

3) Паметен тоалет од $6000



Генерално, Јапонија е многу технолошки понапредна нација од САД, барем во поглед на уредите за секојдневна употреба. Тие веќе подолг период произведуваат високо-технолошки тоалети со доволно функции да го збунат секого од западниот свет, а сега тоа планира да го направи и американската компанија Kohler со нивните Numi тоалети компактибилни со Alexa.

Тие ќе нудат автоматско подигнување на капакот, пуштање на омилената музика од вградениот звучен систем, пуштањето на вода ќе може да се активира со движење на раката, па дури ќе можат и да ги следат празнењата на вашите црева и тие податоци да ги складираат во „облакот“. Цената ќе им се движи од $5,625 до $7,500.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...