Морнари користат Xbox контролери за контролирање на воена подморница

Вишокот Xbox контролер кој ви стои некаде низ плакарите во собата сега може да се користи за управување на делови на воена подморница која чини 2.7 милијарди долари.

Повеќе од еден век, перископот бил единствениот начин морнарите во подморниците да го набљудуваат надворешниот свет и да ја одредат позицијата на подморницата, како и да правилно да ги насочуваат торпедата во периодот кога уште не постоела напредната сонарна технологија.

Меѓутоа, перископите имале недостатоци – само една личност можела да гледа низ него, а големината претставувала ограничување на дизајните на подморниците.

Во 2004-та, воената морнарица почнала да ги опремува подморниците со уреди со сензори кои функционирале како дигитални перископи и зафаќале значително помал простор, а нивните оператори ги контролирале од контролната соба користејќи џојстик, т.е специјална рачка која била тешка и гломазна.

За да го избегнат овој проблем, морнарицата почнала да експериментира со користење на Xbox контролери за оваа намена.

Морнарите биле значително позадоволни со користењето на овој многу полесен и поразноврсен контролер, особено бидејќи многу од нив веќе имале долгогодишно искуство со негово користење со конзолата за играње.

Кога ќе се земе в предвид дека еден џојстик за управување на подморниците чини околу $38 000, а еден Xbox контролер околу $30, може да се замисли колку пари би заштедила морнарицата доколку масовно почне да ги користи.

Првата подморница која ги користи е USS Colorado, а доколку се покаже функционален колку што инженерите се надеваат, најверојатно нема да биде ни последната.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...