Војници тренираат во виртуелни опкружувања генерирани од вистински градови

Американската војска сега може да ги тренира војниците да се борат во специфични опкружувања со едно притискање на копче, благодарејќи на виртуелната реалност.

Наречени STE - Synthetic Training Environments/синтетички услови за обука, тие се генерирани од сателитски слики, улични снимки и останати информации кои ни се на располагање (дури и на нас „цивилите“, како што се сликите на Google Maps, Street View и сл.), кои вештачката интелигенција ги користи за создавање на дигитални светови со чија помош се анализираат перформансите на војниците со цел нивниот тренинг да биде што поефективен.

Армијата ја користи виртуелната реалност за тренирање уште од 2012, но користењето на STE значи дека може да се креираат опкружувања кои се скоро идентични на оние вистинските кои се симулираат и тоа за многу побрзо време отколку порано. Така, доколку војниците треба да бидат распоредени на одредена локација, тие веќе ќе можат да знаат како и каде да се движат низ околината како веќе да биле таму – што значително може да помогне за добивањето на битките.

Целта е да се прават симулации на борби кои ќе бидат што поблиску до реалните – со тренирање на идентичен терен во услови идентични на оние со кои војниците би се сретнале во „вистинскиот свет“.

Армијата веќе има направено виртуелни верзии на Северна и Јужна Кореа, Сан Франциско, Њујорк и Лас Вегас.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...