Refractor Fitness RF-1 е напреден GPS систем наменет за велосипедистите кој нуди многу повеќе отколку само обезбедување на насоки, бидејќи има и HD камера како и ултра-ефикасни LED светла.
Уредот работи на Android 7.0 Nougat платформата и има брз интерфејс кој може целосно да се нагодува по желба. Предната HD 1080p камера може да снима видеа со 30fps со што се има увид во последните 20 минути од возењето, што е исклучително корисно во случај на сообраќајна несреќа.
Силното LED осветлување го олеснува возењето при мала осветленост или ноќе, а екранот на RF-1 е видлив и на сончева светлина. Целиот уред е водоотпорен и има батерија со капацитет од 3000mAh која му овозможува непречена работа и до 12 часа. Во некој од идните модели можеби ќе биде возможно да биде вграден систем за напојување на батеријата преку динамото, но сега засега тоа не е опција.
Карактеристиките на Refractor Fitness RF-1 се
- Напредни GPS мапи, со можност за зумирање со мултитач и пинч
- HD 1080p камера која снима со 30fps, или 60fps со резолуција од 720p
- Можност за користење на камерата за континуирано снимање на последните 20 минути од возењето
- Android 7.0 Nougat оперативен систем со можност за интеграција со други уреди
- Dual 60 Lumen (120 тотално) ултра-ефикасни LED светла
- 32GB простор за снимање податоци
- Поврзување со било кој ANT+ или BTLE сензор за прикажување на отчукувањата на срцето, брзината на движење и сл. на дисплејот на уредот
- 1.2 GHz quad-core процесор со 2GB RAM