IngenioSpec очила за постари лица

Како што постарата популација се зголемува, технологијата наменета за нив ќе стане клучна за обезбедување на нивната благосостојба.

Компанијата IngenioSpec нуди специјални паметни очила наменети за овој сегмент од популацијата, кои се дискретни, компактни и исклучително едноставни за користење.

Тие се наменети за постарите лица кои живеат сами и на кои можеби им треба дополнителна помош при извршување на одредени секојдневни обврски или за да се во контакт со саканите.

Очилата се водоотпорни и автоматски се полнат кога се поставени во нивната кутија, а корисниците имаат пристап до секоја нивна опција преку интерфејс кој се контролира со едно копче.

Притискањето на тоа копче го активира дигиталниот асистент (кој со корисникот комуницира во еден од неколкуте понудени јазици) кој може да телефонира на некој од контактите или да одговара на прашања како што се „Kои се денешните главни вести?“, „Дали доволно пешачев денес?“, „Како да стигнам до дома?“ и сл.

Корисникот може и директно да се поврзе со оператор во секое време, со притискање на копчето двапати. Операторот може да понуди и повеќе персонализирана асистенција која вклучува одговори на покомплицирани побарувања, или поврзување на корисникот со вистинската личност за одредени ситуации – некој од фамилијата, старател, или итни сервиси како брза помош и сл.

Понапредна верзија на очилата ќе нуди дополнителна асистенција како автоматски потсетници кога да се јаде, земаат лекови, пие вода и да се спие, а ќе биде способна да ги мери клучните витални знаци на личноста која ги носи, и во случај на проблем да го контактира старателот или членовите на фамилијата да ја проверат ситуацијата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...