Honeywell паметен систем за сигурен дом

Постојат разни видови на системи за обезбедување на домот, а оној на компанијата Honeywell нуди сè-во-едно сигурносен продукт кој е екстремно едноставен за поставување и овозможува набљудување на сè она што се случува во и околу домот.



Ова е првиот ваков систем кој функционира заедно со Amazon Alexa, а дополнително може да се надградува и модифицира.

Срцето на Honeywell Smart Home Security системот е Camera Base Station, поточно „базната камера“ која може да снима со HD квалитет од 1080p, а има и ноќна визија како и видно поле од 145 степени. Таа има способност да препознава лица, функција која функционира преку мобилната апликација преку која се добиваат нотификации кога камерата ќе забележи некого. Ова овозможува лесно да дознаете кога некој член од фамилијата безбедно пристигнал дома, а интеграцијата со Alexa (гласовниот сервис на Amazon) значи дека системот може да се контролира со глас преку микрофоните и звучникот со висок квалитет.



Системот се контролира преку Honeywell Home апликацијата, или со глас, а дополнителните уреди кои можат да се купат вклучуваат контактни сензори за врати и прозорци, сензори за внатрешен простор кои детектираат движење кои можат да ве предупредат секогаш кога тоа ќе се случи, како и внатрешни и надворешни уреди за детектирање на движење (Motion Viewer) кои испраќаат нотификации до апликацијата.

Целиот систем како поддршка има 24-часовен “cloud” сервис за складирање на видео материјалите, но може и да се докупи дополнителен простор за тоа. Базната станица чини $350, сензорите за врати и прозорци $40, сензорот за внатрешно движење $50, а Motion Viewer сензорите за внатре и надвор се по $150 секој.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...