САД тестира дали облека од пајакова свила може да запре куршуми

Биотехнолошката компанија Kraig Biocraft Laboratories штотуку испорачала на армијата на САД прототип од материјал кој засекогаш би можел да ја промени тактичката облека.

Влакната користени во него се слични на природната пајакова свила која е посилна од челикот, а армијата сега треба да го тестира материјалот во однос на тоа колку е отпорен на куршуми.



Материјалот е именуван „Dragon Silk” (Змејска свила) и е направен од свилени бубачки кои биле генетски модифицирани да продуцираат пајакова свила. Таа е најсилното природно влакно, кое дава сериозен потенцијал за од него да се прави непробоен (за куршуми) оклоп. Некои синтетички полимери се силни како пајаковата свила, но не се толку лесни или флексибилни, а тоа е клучното.

Тактичките облеки од овој материјал се лесни и неверојатно цврсти. Влакната се биокомпактибилни, што значи дека шансите да предизвикаат иритација дури и кога се допираат директно на кожата се минимални.



Создавање на генетски креирана пајакова свила и нејзино ткаење не е воопшто едноставна задача. Истражувачите прво морале да одредат како да ги формираат протеините од кои е создадена свилата, а процесот да биде ефикасен.

Ваквиот материјал, покрај во воената индустрија, би можел да се користи и за градежни материјали и облеки, обични текстилни облеки, но и во медицината за поправање на оштетените нерви и ткива. Дури имало и предлог за создавање на антибиотик со влакна со кои раните полесно би заздравувале.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...