Воена технологија како од филм – микрофон на катник

Министерството за одбрана на САД се согласило да инвестира околу 10 милиони долари да започне тестирање „на терен“ на уредот „Molar Mic”, во превод „микрофон на катник“ – уред сличен на Bluetooth уредите но кој е скриен внатре во устата.



Molar Mic е дело на Sonitus Technologies, компанија која развива безжична комуникациска технологија и се состои од водоотпорен микрофон кој се прави специјално за корисникот за да му „пасува„ правилно на забот. Откога ќе се постави, корисникот може нормално да зборува, а уредот ги испраќа аудио сигналите до радио предавател кој се наоѓа на вратот кој потоа ги препраќа до втор радио уред на друг дел на телото, кој ги испраќа до наменетиот примател.

Примањето на аудио сигналите е малку покомплицирано. Уредот во устата го „преведува“ звукот во вибрации на забите, кои патуваат низ коските во вилицата и черепот до внатрешното уво, кое автоматски ги „преведува“ во звуци. Резултатот е аудио сигнал кој звучи како да доаѓа од главата на носителот на уредот и поради тоа побарува околу 3-неделен период за привикнување на него.



Прототип на Molar Mic бил тестиран од неколку пилоти во Авганистан во период од 14 месеци, а со новото финансирање министерството сака да го спреми за поширока употреба.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...