Huawei Mate 20 Pro: Совршен спој на елеганција и функционалност

Во низата на одлични смартфони кои што може да се најдат на пазарот, Huawei Mate20 Pro, несомнено е телефон кој судејќи по перформансите кои што ги поседува, се истакнува од конкуренцијата. Можеби нескромно кажано, но овој модел без никаков проблем може да ја понесе титулата за најиновативен телефон на годината и тоа поради повеќе причини.

Компанијата успеа да создаде смартфон, кој не може, а да не ви се допадне, без разлика дали сте фасцинирани од неговиот изглед, ве импресионираат сите можности за фотографирање и снимање или пак едноставно одвај чекате да го испробате неговото бежично полнење.

Mate20 Pro направен е од стакло, со изгравирана шара на задниот дел за да не се лизга при држењето. Неговиот изглед е синергија на убавина и функционалност, каде врвната изработка заедно со супер тенкиот профил од 8,6 mm и заобленоста во дизајнот, дава посебна стилска елеганција. Телефонот поседува IP68 стандард, со што е отпорен на прав и песок, а воедно може да издржи во вода на длабочина до 1.5m до 30 минути.

Може да се полни безжично, но она што е уште „покул“ карактеристика е револуционерното обратно wireless полнење, кое овозможува полнење на било кој друг уред кој подржува wireless полнење. Па така, доколку врз вашиот Mate20 Pro ставите друг смартфон, можете да го полните од вашиот Mate 20 Pro смартфон.

Во самиот екран на телефонот има вградено сензор за препознавање на отпечатоци од прсти, а во “notch“-от е Face ID инфрацрвената камера од 24 мегапиксели за отклучување на телефонот со скенирање на 30 000 точки на лицето, кое Mate 20 Pro го прави најбрзо од сите смартфони досега – за само половина секунда.

OLED дисплејот е со големина од 6.39 инчи и резолуција 3120 x 1440 пиксели што дава слика со фантастичен квалитет. Вградениот процесор е Kirin 980 (првиот Андроид чипсет кој користи 7nm архитектура), а смартфонот има 6GB RAM и 128GB простор за складирање податоци. Во Kirin 980 е вграден DUAL-NPU кој ги подобрува AI процесите за 134% и му овозможува на телефонот да процесира видео во реално време. Уште една супер карактеристика која го издвојува овој модел од оние на конкуренцијата.

Huawei Mate20 Pro во квадрат на задниот дел има „спакувано“ 3 извонредни камери – главната широкоаголна од 40MP, телефото камера од 8MP за зумирање и нова ултра-широкоаголна камера од 20MP која овозможува правење на фотографија до 107 степени (човечко око гледа до 120 степени). Вграден е и нов Macro мод за подобрување на фотографиите сликани од блиску, додека пак стабилизацијата е контролирана од Master AI систем, помогнат со автофокус кој ги следи субјектите кои се во движење. Сето ова поедноставно кажано значи дека со Mate20 Pro добивате фотографии на кои може да ви подзавидат и професионалните фотографи.

Батеријата е со капацитет од 4200mAh и нуди брзо полнење – до 70% капацитет за 30 минути преку полнач од 40 вати или до 31% за истото време со безжичен полнач од 15 вати.

Со сето ова, а воедно и со сите други нешта кои ги поседува овој телефон, Huawei Mate20 Pro дефинитивно e најголемото освежување во понудата на Android смартфони за оваа година. Oд неодамна, телефонот ексклузивно веќе е достапен во портфолиото на Македонски Телеком.

Технички карактеристики:

  • Големина: 158mm x 72mm x 8.6mm
  • Тежина: 189 грама
  • Дисплеј: 6.39 инчи, AMOLED, 3,120x1,440 пиксели
  • CPU: Huawei Kirin 980 процесор (2x 2.6GHz Cortex A76, 2x 1.92GHz Cortex A76, 4x 1.8GHz Cortex A55)
  • OS: Android Pie 9.0 со Huawei EMUI 9.0
  • RAM: 6GB
  • Меморија за складирање: 128 GB (може да се прошири)
  • Задни камери: Leica 40MP f1.8, 20MP f2.2, 8MP f2.4
  • Предна камера: 24MP f2.0
  • Батерија: 4,200 mAh



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...