Панел кој ја користи сончевата енергија и го испушта вишокот топлина во Вселената

Колку светот станува потопол, толку повеќе луѓето ги вклучуваат клима уредите. Но, колку повеќе клима уреди се вклучуваат, толку светот станува потопол и така во круг.

Сега, нова технологија развиена од научници од САД и Кина би можела ова да го промени.



Истражувачите од универзитетот Стенфорд измислиле нов вид на технологија за соларни панели која не само што ја собира светлината од Сонцето и ја конвертира во електрицитет (како конвенционалните панели), туку вишокот топлина истовремено го исфрла во Вселената.

Принципот на кој што овие нови панели функционираат е наречен радиативно ладење, каде некој објект (згради или сопственото тело) емитира топлина во форма на инфрацрвена светлина.

Кога објектите го прават тоа, тие симултано губат топлина во процесот наречен термална радијација, но таа не секогаш може да ја помине нашата атмосфера и да продолжи во Вселената.

Атмосферата е еден вид на „ќебе“ околу Земјата, кое го отежнува патот на топлината за да стигне до Вселената. Но, во ова „ќебе“ има дупки, низ кои таа лесно може да го стори тоа.



Новиот прототип кој истражувачите го развиле е прв обид да се комбинира уред за радиативно ладење со конвенционален соларен панел, креирајќи хибридна технологија која истовремено апсорбира сончева светлина и емитира инфрацрвена светлина кон небото.

Уредот е составен од конвенционален соларен панел со големина на CD, кој е поставен низ кружен радиативен ладилник направен од силициум нитрид, силициум и слоеви алуминиум затворени во вакуум.

Идејата е таа што соларниот панел е транспарентен за инфрацрвената светлина, па така додека ја апсорбира сончевата, инфрацрвената поминува низ него и се емитира во Вселената преку атмосферските „дупки“.

Овој прототип докажал дека концептот функционира, но не создавал електрицитет. Следниот чекор ќе биде токму тоа - да се создаде комплетно функционална соларна ќелија со елементи кои нема да ја блокираат инфрацрвената светлина да продолжи кон Вселената, со што нашата планета нема дополнително да се загрева.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...