Направен уред за претворање на мисли во говор

Истражувачите од универзитетот Колумбија креирале систем кој преведува мисли во говор, што потенцијално може значително да им го подобри квалитетот на животот на оние кои ја имаат изгубено способноста за говор.

Тимот истражувачи започнал со компјутерски алгоритам способен да создава звук кој потсеќа на човечки говор – истата технологија која ја користат Amazon Echo и Apple Siri за да даваат вербални одговори на нашите прашања.



Потоа, од 5 пациенти со епилепсија врз кои се правело операција на мозок било побарано да слушаат зборење додека истражувачите барале нервни модели во нивната мозочна активност кои потоа биле искористени за тренирање на алгоритмот за преведување на мозочни бранови во говор.

За да го тестираат уредот, од пациентите било побарано да слушаат како некој ги кажува броевите од 0 до 9, додека биле снимани нивните мозочни сигнали. Тие снимки биле „пуштени“ низ алгоритмот за потоа специфично тренирана нервна мрежа да ги анализира и „исчисти“.

Конечно, тимот од пациентите побарал да го слушнат говорот добиен преку алгоритамот за да му ја тестираат разбирливоста.

Било откриено дека луѓето можеле да ги разберат и повторат звуците 75% од времето, кои всушност ги претставувале звуците (т.е одбројувањето) кои тие ги слушале на почетокот на овој експеримент но „преведени“ од мозочни сигнали во аудио сигнали.

Сега засега системот ги преведува мислите само на личноста која слуша некој говор, но истражувачите се надеваат дека во иднина ќе можат да ги реплицираат истите резултати кога некој само ќе помисли на она што сака да го каже (без потреба претходно да го слушне истото)

Во тоа сценарио, доколку личноста која го носи уредот помисли „сакам чаша со вода“, системот би требало да ги земе мозочните сигнали генерирани со таа мисла и да ги претвори во синтетизиран вербален говор.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...