Terra - автономна косилка за трева на iRobot

iRobot, компанијата која е производител на познатата роботска правосмукалка Roomba, ја претстави својата автономна косилка за трева наречена Terra.

Додека останатите вакви косилки бараат од нивните корисници прво да инсталираат (потенцијално скапи) жици кои би служеле како ограда т.е граница до која косилката може да се движи, Terra функционира на друг начин.

Сопственикот треба да постави безжични столпчиња низ дворот и мануелно да го вози роботот само еднаш околу периметарот, со што тој ќе креира мапа на дворот во неговата меморија – слично како што Roomba-та креира мапа на домот на корисникот.

Откако ќе го направи тоа, корисникот преку iRobot HOME апликацијата може да постави распоред кога роботот треба да ја коси тревата.



Разните сензори на Terra овозможуваат роботот да ги избегнува неочекуваните пречки низ тревникот, а кога батеријата ќе почне значително да ослабува тој самиот ќе се врати на станицата за полнење. Според соопштението за медиумите, Terra во Германија ќе започне со продажба оваа година, а подоцна и во САД.

Цената сè уште не е објавена, но останатите автономни косилки за трева чинат од $600, па до $3500, па така тешко е да се претпостави колку таа ќе изнесува за Terra.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...