Првата телескопска фотографија на црна дупка

Интернационална коалиција научници објави дека ги снимиле првите директни слики на супермасивна црна дупка во галаксијата М87.

Заслужна за ова е мрежата од 8 телескопи на 5 континенти наречена EHT (Event Horizon Telescope), кои сите обработуваат исти податоци.

Мрежата се базира на техника наречена “интерферометрија со многу долга базна линија“, а бидејќи секој телескоп добива ист сигнал, но во различно време, научниците требало да ги искомбинираат податоците од секој од нив, третирајќи ја мрежата како да се работи за еден гигантски виртуелен телескоп со големина на Земјата.

Добиените фајлови биле толку масивни што морале да бидат складирани на хард дискови кои биле пренесени на една локација каде податоците од нив биле искомбинирани во една слика. Ова ограничување го оддолжило траењето на проектот, бидејќи телескопот на Антарктикот бил недостапен неколку месеци во зимскиот период.



Досега сите слики на црни дупки биле компјутерски симулирани визуелизации на податоците кои биле добивани од разните телескопи, а на нив обично била претставена црна сфера обиколена со огромен прстен од ѕвезди. Вистинската слика изгледа многу слично на досегашните визуелизации и на неа е прикажана силуета на црната дупка која е осветлена од сите работи кои навлегуваат во неа ,т.е во хоризонтот на настаните.

Секоја црна дупка е опкружена од слој светлина искривена од нејзината гравитација, која орбитира околу дупката во таква совршена сфера да доколку некој влезе во неа, ќе може да си ја види задната страна од главата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...