Omnisonic - прв ултрасоничен гаџет за миење контролиран преку смартфон

Со OmniSonic може да миете разни продукти било каде во било кое време.

Се работи за првиот безжичен ултрасоничен гаџет од ваков тип кој може да се контролира преку смартфонот и кој убива 99.9% од микробите со креирање на ултрасонични меури и струења во водата, чистејќи сè од облека до овошје и зеленчук, па до накит.

OmniSonic е идеален за оние кои се постојано на патувања или кои уживаат во кампувањето. Со едно полнење, тој може да се искористи за до 4 миења, а со негова помош ќе може да отстраните флеки, нечистотија и микроби без потреба од електрицитет.

Уредот едноставно се става во лавабо, кофа или било каков сад полн со вода и преку апликацијата се одбира што е тоа што треба да се измие, по што се добива известување колкава количина сапун треба да се додаде во водата. Потоа, апликацијата ќе ве извести кога миењето е завршено.



OmniSonic чисти на микроскопско ниво со помош на малечкиот, но моќен соничен мотор.

Користи 15 пати помалку вода и 40 пати помалку енергија од стандардните машини за миење облека или садови – единствено што ви треба е сад за доволно вода да ги потопите работите кои што сакате да ги измиете, а кои можат да бидат: облека (од памук, полиестер, волна, свила, најлон, спандекс), овошје, зеленчук, накит (сребро, злато, платина, бакар, бронза, драги камења, нерѓосувачки челик), четки за заби, жилети за бричење, четки за шминкање, платнени кеси, патики, ранци, играчки, разни садови за пиење течности и др. Од облеката може да исчисти флеки од вино, трева, кал, крв, кармин, пот и масло, а за тоа му се потребни од 30 минути (за предмети со тежина до половина килограм) до 2 часа (за 2 килограми).



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...