Metalface интерактивен материјал

Јапонската компанија Kenma inc. претстави иновативна метална смола наречена Мetalface која може да има неброени примени претворајќи ги разните површини во интерактивни дисплеи. Естетиката на овој материјал го прави скоро идентичен на вистинските метали, а има способност да пренесува светлосни и радио бранови, правејќи го екстремно функционален.



Дополнително, тој не кородира, а продуктите направени од него можат да бидат лесни и тенки, револуционизирајќи го начинот на кој што луѓето ги користат и размислуваат за металите како дизајнерски материјал.

Metalface материјалот е идеален за електронски продукти, мобилни уреди и роботи, а бидејќи обичниот метал не може да пренесува светлина или радио бранови, Metalface може да стане замена за него во годините кои што следат, со дисплеи кои прикажуваат информации, се чувствителни на допир и можат да пренесуваат радио бранови како оние на 5G мрежата.



Некои од апликациите за кои дизајнерите размислиле вклучуваат користење на Metalface наместо инструмент табла во автомобилите, во знаци и дисплеи во возови и друг вид на јавен сообраќај, како панел за контрола на лифтови, дигитален дисплеј за домашни уреди како фрижидер, кади, разни сензори со кои се контролира електрониката во домот и сл.

Материјалот би можел и да се манипулира со конвенционални техники кои се употребуваат врз металите, како што е додавање на разни 3D ефекти, резбање и сл.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...