Вештачки „јазик“ може да разликува 99 различни вкусови виски

Научниците досега имаат развиено вештачка кожа, очи, а се работи и на дизајнирање на еден вид на вештачки мозок за војската на САД. Истражувачите од универзитетот во Глазгов, пак, работат на вештачки јазик чија цел ќе биде вкусување на виски.



Ова не е првиот вештачки јазик во светот, но е првиот кој е направен со два вида на метал во наноголемина од кој се направени „рецепторите за вкус“ кои се околу 500 пати помали од човечките.

Овој уред кој го нарекуваат вештачки јазик функционира слично на човечкиот јазик – тој не може да идентификува индивидуални хемикалии кои прават, на пример, кафето да има поразличен вкус од сок од јаболка, но лесно може да ја забележи разликата помеѓу овие две комплексни хемиски мешавини.

Тој функционира со помош на оптичките карактеристики на златото и алуминиумот. Суб-микроскопски парчиња од овие метали се меѓусебно споени за да формираат шара слична на шаховска табла, а кога се потопени во течност, малечките разлики помеѓу начините на кои двата метали ја апсорбираат светлината им овозможуваат да разликуваат различни видови на виски.



Уредот бил способен да ги „вкуси“ разликите помеѓу разните пијалаци со повеќе од 99% прецизност – не само што разликувал разни видови виски, туку можел да разликува и различности во исто виски базирани на неговата старост, т.е дали било стареено во буре 12,15 или 18 години.

Иако студијата била базирана на вкусување на виски, овој јазик може да се користи за било каква течност – би можел да овозможи да детектирање на фалсификуван алкохол, да ја тестираат безбедноста и квалитетот на храната, токсините во јавните водоводи и сл.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...